Црна хроника
Условна казна затвор за странците кои на скопскиот аеродром беа фатени со фалц ПЦР-тестови
Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвиненија против вкупно 9 лица, од кои шестмина македонски државјани, двајца швајцарски државјани и една државјанка на Република Босна и Херцеговина кои се обвинети дека во одделни настани сториле кривично дело фалсификување исправа.
Имено, на скопскиот аеродром тие прикажувале како вистински, лажни потврди за негативни ПЦР-тестови за коронавирус, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.
На странските државјани, врз основа на признание на вина, судот веќе им изрече пресуда со која ги прогласи за виновни и им изрече условна осуда – казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три години не сторат ново кривично дело.
Исто така, изречена им е и казна протерување на странец од земјата во траење од пет години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

