Црна хроника
Фатени малолетници кои краделе во трговски центар во Скопје

Полицијата приведе две малолетни лица од Скопје, поради тоа што извршиле тешка кражба во продажен објект во трговски центар.
Од МВР информираат дека украдените предмети се одземени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава за тешка кражба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Битолчанка тешко повредена кога во неа удрило товарно возило

Вчера во 11:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на улицата „Рајко Жинзифов“ во Битола, товарно возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Д.К. од Велес удрило во пешакот, 69-годишната Ј.Д. од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Д., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Семејно насилство на Бит-пазар: скопјанка истепана од синот

Вчера во 19:50 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син И.З.(29) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт.
Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.