Црна хроника
Фатени три лица, краделе возила, машини и алати од рудници и викенд-куќи

СВР Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М. С. (36) од Прилеп, Ј. Ф. (25) од Прилеп и А. Џ. (26) од с. Црнилиште, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела тешка кражба.
При првото кривично дело, сторено во периодот од септември 2019 до април 2020, пријавените со употреба на сила и приспособлив предмет влегле во двете работни простории во склоп на рудник лоциран во Рамнобор, с. Мелница, Мариово, и одзеле работни машини и разни резервни делови (виљушкар, агрегати, компресори, дупчалка, каменорезачка, електромотори од машини за преработка на мермер, кабли и др.), со што текнале противправна имотна корист од речиси 17.220.000 денари.
Второто дело тројцата пријавени го извршиле во периодот на март 2020, при што со приспособлив предмет влегле во викенд-куќа во с. Бешиште, во која привремено престојувал М. М. од Битола, и од помошната просторија и дворот одзеле повеќе машини и алати (неколку акумулатори, бормашина, хилта, метал-детектор, рачен циркулар, агрегат и др.), карабинска и ловна муниција, ловна пушка, автомобилски резервни делови и приколка стекнувајќи противправна имотна корист од 150.000 денари.
Третата тешка кражба пријавените ја извршиле во периодот од октомври 2019 до април 2020, така што со употреба на сила влегле во рудник лоциран во с. Бешиште по што од кругот на рудникот одзеле возило „џип УАЗ“ и теренско возило „нисан терано“, во кое имало и документи, при што стекнале противправна имотна корист од 60.000 денари.
Четвртата тешка кражба тројцата пријавени ја извршиле во април 2020 прескокнувајќи ја заштитната метална ограда од деловниот простор на рудникот за обработка на мермер по што се упатиле до викенд-куќата, сопственост на М. М., и со употреба на сила влегле во неа и одзеле алат за мерење струја, предмети за домаќинство, потоа од работилницата одзеле електрична машина дребонг и товарно возило ТАМ. Со ова дело добиле противправна имотна корист од 60.000 денари.
Со преземање оперативно-тактички мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Прилеп, некои од предметите се пронајдени и со потврда за привремено вратени предмети им се вратени на оштетените. Со извршување овие четири дела тешка кражба од чл. 236 од Кривичниот законик на РСМ сторителите стекнале противправна имотна корист од речиси 17.490.000.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
178 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи.
Од нив 21 возило се движело со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор

На 30.01.2023 на ул.„Гоце Делчев“ во с. Кривогаштани, Прилепско, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Кривогаштани го привеле П.М.(36) од с. Кривогаштани.
Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Прилеп заради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казна затвор во траење од две години и три месеци.
Црна хроника
134 казнети возачи во Скопје, 13 без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.