Црна хроника
Финансиската полиција со кривични пријави против три физички и две правни лица: ги фалсификувале и уништувале деловните книги
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица поради основани сомненија дека ги сториле кривичните дела Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 од КЗ на РМ, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 и ст.2, Фалсификување службена исправа по член 361 ст.1 од КЗ на РМ и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.
Првопријавениот И.Б во својство на службено лице во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини – Биро за метрологија, заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Фалсификување службена исправа по член 361 ст.1 од КЗ на РМ.
Второпријавениот З.А во својство на управител на Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 и Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 од КЗ на РМ.
Третопријавениот А.З. во својство на управител на правното лице Друштво за трговија, услуги и градежништво ЛТА ПЕТРОЛ СЕРВИС ДООЕЛ Скопје заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 од КЗ на РМ и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.
Четвртопријавеното правно лице Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.2 од КЗ на РМ.
Петопријавено правно лице Друштво за трговија, услуги и градежништво ЛТА ПЕТРОЛ СЕРВИС ДООЕЛ Скопје, заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.2 од КЗ на РМ.
Имено, второпријавениот во својство на управител на четвртопријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје во декември 2022 година, изготвил документи со невистинита содржина за наводна набавка на резервоари за нафтени деривати, помогнат од третопријавениот, ги употребил во правниот сообраќај на начин што преку петопријавениот правен субјект ЛТА Петрол Сервис ДООЕЛ Скопје ги доставиле до Биро за метрологија заради вршење на верификација на истите.
Првопријавениот во својство на службено лице во Биро за метрологија изготвил табели за зафатнина на резервоари во сопственост на четвртопријавениот правен субјект во кои внесол невистинити податоци со што извршил фалсификување службена исправа која му ја ставил на располагање на второпријавениот .
Со внесувањето на невистинитите податоци во службените исправи кои ги изготвил, првопријавениот му овозможил на второпријавениот да ги употреби овие невистинити документи во понатамошната постапка за зголемување на капацитетот на складот за нафтени деривати што му било потребно за продолжување на лиценцата за вршење на енергетска дејност Трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, заради усогласување со Законот за енергетика и прописите и правилата донесени врз основа на истиот.
Со вака преземените дејствија пријавените ги сториле кривичните дела Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 од КЗ на РМ, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 и ст.2, Фалсификување службена исправа по член 361 ст.1 од КЗ на РМ и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од струмичко, со ловечка пушка усмртил куче
Вчера во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од с.Куклиш.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје
Нуркачите спасија двајца верници кои вчера се фрлаа по крстот во водите на реката Вардар во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават, по што од нуркачки тимови биле извадени надвор од водата.
Двајцата со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Црна хроника
Уапсен водич на навивачка група во Тетово
Вчера во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група.
Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“.
Тој е задржан во полициска станица, извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

