Контакт

Црна хроника

Четири малолетнички од Скопје нападнале малолетна девојка поради нарушени другарски односи

Објавено пред

Синоќа во 23.50 часот во СВР Скопје, Р.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул.„Орце Николов“, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

30-дневен притвор за 18-годишник од Тетово, кај него е пронајдена марихуана наменета за продажба

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 18-годишник на улицата „180“ во Тетово, полицијата пронашла околу 200 грама наркотична дрога – марихуана, распоредена во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба, како и семки од растението канабис, извести Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз постапката и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена, се додава во соопштението на Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Топ

Притвор за мажот што палеше казино во Битола: истурил бензин врз шест слот-машини

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари, кој е осомничен за кривично дело предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата Лазо Трповски во Битола, се качил на катот од објектот, каде што имало и други лица, па истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил. Со тоа предизвикал пожар, кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.

По предлог од надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола определи мерка притвор во траење од осум дена за осомниченото лице.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Дете тешко повредено во Сарај: мајката вели дека бил удрен од мотор, а мотоциклистот тврди дека детето се удрило само

Објавено пред

На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ вчера бил донесен малолетник од селото Љубин, скопско, со тешки телесни повреди.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното од неговата мајка, на 1 март околу 12.50 часот во с.Сарај, скопско, тој бил удрен од мотоцикл управуван од С.Б.(47) од Скопје.

Додека, пак, според изјавата на С.Б., малолетникот сам се удрил во мотоциклот, кој му бил паркиран во селото, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Притвор за мажот што палеше казино во Битола: истурил бензин врз шест слот-машини

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари, кој е осомничен за кривично дело предизвикување...

Македонија3 часа

СДСМ: Пендаровски е победнички кандидат со јасна европска визија

Стево Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата, велат утрово...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ користи шофер и возило за партиски активности

Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски...

Свет3 часа

САД, Египет и Катар повикаа на прекин на огнот во Газа, Нетанјаху ги објави барањата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, повторно го повика Хамас да направи отстапки пред понатамошните преговори за нов прекин на огнот и...

Македонија3 часа

Седуммина кандидати обезбедија место на гласачкото ливче за претседател на државата

Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на државата, со последниот пресек на ДИК...

Македонија15 часа

СДСМ ја официјализираше кандидатурата на Пендаровски: „На граѓаните им треба претседател со јасна европска визија“

СДСМ на 27-миот Конгрес, попладнево ја официјализираше кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски,...

Македонија17 часа

И Ванковска му одговори на Мицкоски; „Јас сум опозиција на сите“

Се зезнал! Ванковска е опозиција на сите од прв до последен! Опозиција на овој гнил систем и естаблишмент, на овој...

Македонија17 часа

Јакимовски до Мицкоски: Не сум се кандидирал за некому да попречам, јас не прифаќам споредни улоги

Досега никогаш во мојата долга кариера не сум се кандидирал за да му попречам на било кого. Јас и посакувам...

Македонија20 часа

Мицкоски: Улогата на Јакимовски и Ванковска со кандидатурата е да го ослабнат потенцијалот на Давкова

Јасна е улогата на Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Тие практично ја имаат улогата на опозиција на опозицијата во оваа...

Македонија20 часа

Мицкоски: До 14 часот се собрани над 22.000 потписи за идната претседателка на Македонија, Силјановска Давкова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека до 14 часот се собрани над 22.000 потписи за пратеничката и професорка, Гордана...

Македонија23 часа

Пендаровски објави: Собрани се 10.000 потписи за неполни пет часа

Актуелниот претседател, Стево Пендаровски, кој се кандидира за втор мандат на претседателските избори објави дека за помалку од пет часа успеал...

Топ24 часа

МВР со детали за сообраќајката кај Штип: загина 66-годишник, сопатничката тешко повредена, вториот возач е приведен

Шеесет и шестгодишен маж загина во сообраќајката што се случи вчера попладнето на патот Велес-Штип. Според информациите од полицијата, во...

Македонија1 ден

Почна потпишувањето за кандидатурата на Силјановска-Давкова, ВМРО-ДПМНЕ очекува да бидат собрани за еден ден

Денеска се собирааат потписите за кандидатурата на професорката Силјановска Давкова за пртседател на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кандидатурата на...

Свет1 ден

Зеленски: Доцнењето на испораката на оружје за Украина доведува до загуба на животи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека доцнењето со испораката на оружје и системи за противвоздушна одбрана во Украина доведува до...

Регион1 ден

Сектолог за можното значење на симболите на ѕидовите на куќата во Нови Сад: „Дај Боже да грешам“

Цртежи од задгробниот живот од египетската митологија биле пронајдени на ѕидовите од куќата во Петроварадин каде се пронајдени безживотните тела...

Свет1 ден

Кремљ: Соборени 38 украински беспилотни летала над Крим

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 38 беспилотни летала лансирани од Украина над полуостровот Крим, објави државната новинска агенција РИА,...

Македонија1 ден

СДСМ денес на конгрес се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на Пендаровски

СДСМ денес  во 18 часот ќе одржи конгрес на кој се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на...

Регион2 дена

Ужас во Нови Сад: Деца на возраст од 1 и 3 години најдени мртви во домот, постои сомнеж дека родителите ги убиле

Полицијата пронашла тела на две деца на возраст од 1 и 3 години, кои според првичните информации биле убиени од...

Македонија2 дена

(Видео) Силјановска-Давкова е претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, повика на обединување

ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција потврди дека пратеничката и професорка Гордана Силјановска-Давкова ќе биде претседателскиот кандидат на партијата на претстојите претседателски...

Македонија2 дена

Османи во Анталија: Регионот е ранлив, време е за брза и одлучна акција на Европската Унија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на Анталија дипломатскиот форум, во Република Турција, каде имаше обраќање на панелот насловен...