Црна хроника
Шест лица физички нападнале момче од скопско Арачиново и го држеле затворено речиси половина час

Во текот на вчерашниот од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје во полиција пријавиле дека бил донесено 22-годишно момче, кое имало повреди добиени од физички напад.
„По преземените мерки, било утврдено дека истиот ден околу 13 часот во село Арачиново на улицата 1, додека момчето управувало патничко моторно возило, две патнички возила му го попречиле патот, при што од нив излегле шест вооружени лица. Притоа тие со едно од возилата го однеле момчето во објект лоциран на улицата 11 во село Арачиново, каде што физички го нападнале, при што го држеле затворен речиси половина час“, соопшти полицијата.
По половина час, кога момчето било претепано, во објектот каде што било држено, пристигнал негов братучед кој го пренел во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, додава полицијата.
Од страна на претепаното момче како сторители во полицијата се посочени неколку лица од истото село поради нерасчистени семејни односи, односно во врска со неговата поранешна свршеница од село Арачиново. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен дилер од Скопје кај кого е пронајдена дрога

37-годишен скопјанец е приведен откако при претрес во неговиот дома пронајдена била дрога.
Според информаациите од МВР, денеска полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога го приведоа А.М. (37) од Скопје.
При претрес во дом во Скопје, кај А.М. се пронајдени 61 пакувања и една тегла со марихуана.
Тој е приведен во полициска станица и до надлежното обвинителство е поднесена соодветна кривична пријава, по што од судија му е одредена мерка оритвор од 30 дена.
Црна хроника
Струмичанец со тврд предмет нападнал жена и се обидел да изврши обљуба врз неа

64-годишен струмичанец физички нападнал 43-годишна жена, удирајќи ја со тврд предмет по што се обидел да изврши обљуба врз неа.
Според информациите од МВР, денеска во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од с.Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14.00 часот, во атар на с.Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
298 санкции за сообраќајни прекршоци, 17 возила упатени на вонреден технички преглед

Вчера, во периодот од 10 до 14 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови, составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, била спроведена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на целата држава, при што биле изречени 298 казни за сообраќајни прекршоци.
При контролата санкционирани се 17 возачи за возење без возачка дозвола, а 17 возила биле упатени на вонреден технички.
Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.