Црна хроника
Автобус удрил во 11-годишно дете на велосипед

Единаесетгодишно дете е тешко повредено, откако во него удрил автобус додека возело велосипед. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 19.40 часот на улицата „Едвард Кардељ“ во Струга, кога автобус „ивеко“ управуван од Г.П. (57) од селото Мислешево, удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга.
Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга било пренесено во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид, каде му била укажана лекарска помош и е задржано на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Младо момче добило лажна порака да се сретне со девојка, па било однесено во куќа во Ѓорче и претепано

Хорор во скопската населба Ѓорче Петров.
Мајка пријавила во полицијата дека нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен профил на неговата девојка, за да се сретнат.
Потоа, според информацијата на МВР, момчето заминало на договореното место, но наместо да се сретне со девојката било пресретнато од четири машки лица од кои едниот го познавало од претходно.
Според пријавата, четворицата го грабнале и однеле во куќа во Ѓорче, по што го натепале и му го украле мобилниот телефон. За ужасот да биде поголем, насилството го снимале и го објавиле на социјална мрежа, а подоцна видеото било избришано.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Приведен скопјанец кој со нож и’ се заканувал на сопругата

Синоќа во скопско село, полицијата го приведе Д.С.(62), постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со остар предмет и се заканувал на својата 59-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Велешанка удрила во момче на пешaчки премин и го напуштила местото

Полицијата изврши службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес, која вчера околу 7 часот наутро на обележан пешачки премин на улица Благој Ѓорев во Велес, со автомобил „киа“ удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото.
Пешакот се здобил со полесни повреди. Извршен бил увид, информираа од полицијата.