Црна хроника
Автомобил излетал од патот Крива Паланка – Куманово и се превртел, повредени три лица
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Крива Паланка – Куманово.
Според информациите на полицијата, околу 16.10 часот било пријавено дека кај селото Ругинце, автомобил „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е. Ј. (36) од Куманово, излетал од патот и се превртел.
Во незгодата тешки телесни повреди добиле сопатничките С. С. (41) и Н. Ј. (56), двете од Куманово, а телесни повреди добила Е. Ј. по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот
57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград.
Според српски Телеграф, на патникот му се слошило за време на летот.
Персоналот му пружил прва помош, но тој не реагирал.
Кога авионот слетал, лекарите на аеродромот можеле само да ја потврдат неговата смрт, објавија српските медиуми.
фото: принтскрин
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

