Црна хроника
Автомобил излетал од пат кај Крива Паланка, повредени се возачот и сопатникот
Утрово во 01.35 часот било пријавено дека на магистралниот пат во близина на место викано ,,цевки“ во Крива Паланка патничко моторно возило “форд фокус“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од с.Конопница-Крива Паланка излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Х.(23) од Крива Паланка, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Здравствен дом-Крива Паланка.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

