Црна хроника
Прегазена жена во Скопје, возачот избегал

Седумдесетгодишна жена вчера била прегазена со автомобил на улицата Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Несреќата се случила околу 14 часот по што возачот избегал, информираат од полицијата.
Жената со тешки телесни повреди била однесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Возач со автомобил побегна откако удри и тешко повреди дете во Тетово

Малолетник е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово. По сообраќајката возачот побегнал. Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајната незгода се случила синоќа на кружниот тек од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Гоце Стојчески“.
Повредениот малолетник од село Шемшово е пренсен во Клиничката болница во Тетово каде му се коснтатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Полицијата најде дрога при претрес на куќи во Кавадарци и Велес

Полицијата приведе две лица од Велес и Кавадарци, откако при претреси во нивните домови била пронајдена дрога
Вчера во 7:50 часот, лишен од слобода бил 47-годишниот А.Д. При претрес во неговиот дом во Велес, по претходно издадена судска наредба, била пронајдена и одземена кафена прашкаста материја.
– А.Д. бил задржан во полициска станица, а потоа, по наредба од јавен обвинител, спроведен во Основното јавно обвинителство – Велес. По издадено решение од судија на претходна постапка за изречена мерка притвор, А.Д. бил спроведен во Казнено – поправна установа „Затвор – Скопје“, велат од МВР.
Подоцна, во 13 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Ј.А., на возраст од 31 година. При извршен претрес во неговиот дом во Кавадарци, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, 21 семки од растителна материја, дигитална вага и дробилка.
– Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.
Македонија
Изгореа викендичка и овоштарник во Идризово

Викендица и овоштарник во село Идризово се опожарени вчера. Интервенирано е со три противпожарни возила и осум пожарникари, а се утврдува материјалната штета.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарникарите на Град Скопје имале уште две интервенции во текот на вчерашниот ден и тоа на стрниште на површина од 1.200 m2 во село Буковиќ и на уште една помала интервенција.
Според информациите на ЦУК, во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 12 пожари на отворено на територија на цела држава.