Црна хроника
Автомобил удри во младо момче кај Групчин

Вчера на регионалниот пат Скопје-Тетово кај с.Групчин патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(30) од с.Копачин дол-тетовско, удрило во В.А.(28) од с.Ларце-тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Затвореник во Штип фатен со марихуана, хашиш и хероин

Полицијата поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Д. од Свети Николе, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според истрагата, во текот на октомври 2024 година пријавениот внесувал дрога во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Штип, каде што ја издржувал својата затворска казна.
Подоцна при претрес во просторијата во која престојувал биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, таблети и мешавина со хероин.
Црна хроника
Нов случај на насилство во Велес: ја истепал на работното место а два пати и во нејзиниот дом, приведен 59-годишен маж

Синоќа во 23:00 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ј.С.(59) од Велес.
Полицијата постапила по претходна пријава од 51-годишната К.Х. од Велес дека физички ја нападнал на нејзиното работно место, а подоцна во два наврати и во нејзиниот дом, каде што влегол со употреба на сила.
Ј.С. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат надлежните.
Црна хроника
66-годишен охриѓанец пронајден починат во својот дом

Вчера во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во сопствениот дом е пронајден починат Љ.П.
(66) од Охрид.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.