Црна хроника
Автомобил удри во четиригодишно дете во Кочани

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 14:40 часот во Кочани на улица „Цар Самоил“ кога Т.Ц.(38) од Кочани со „фиат темпра“ со штипски регистарски ознаки удрил во четиригодишно дете од Македонска Каменица.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Здравствен дом Кочани е препратено во Клинички центар Штип. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на утврдување на причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал маж, а 18-годишно момче е тешко повредено. Увид направила екипа на СВР Штип, потврдија од МВР. На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.
Како што информираат од Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за несреќата биле повикани во 14.20 часот и за десетина минути стигнале на местото на несреќата – на крстосницата кон село Иванковци кај силосите.
Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој починал на самото место на директниот судир. Рече дека веднаш му укажале лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Имал повреди на карлица, на десно колено и на главата, но бил свесен и контактибилен.
По укажаната прва медицинска помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општа болница Велес.
Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај попладнево информираше дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес е во прекин во двата правца.
Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
