Црна хроника
Акциска контрола во угостителски објекти во Тетово, приведени 12 лица
Вчеравечер во периодот од 23:35 часот до 1:20 часот, полициски службеници на МВР во содејство со полициски службеници на СВР Тетово и Државен инспекторат по труд спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од тетовско Боговиње.
При контролата, од слобода бил лишен Г.Б.(52) од Хрватска, затоа што кај него бил пронајден кокаин, а затекнати и поради нелегално вработување приведени се и П.О.(20) од Украина и Ј.Ѓ.(29) од Србија. Трите лица задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Полициски службеници на МВР, СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар и Државен инспекторат по труд, вчера (24.10.2022), исто така, спровеле акциска контрола и во Гостивар и околу 11:00 часот, поради злоупотреба на туристичкиот престој, приведени се Џ.А.(39), Ш.У.(43), В.У.(46), С.Д.(46), сите од Република Турција, Р.К.(54), Г.Б.(56) и А.Ј.(41), сите од Република Албанија и М.Р.(55) од Република Србија.
Покрај овие лица, поради попречување на полициски службеници во извршување службени дејствија, во 12:00 часот на улица ЈНА во Гостивар e приведен Ј.З. од гостиварско Чегране. Сите се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

