Црна хроника
Албанец со фалсификуван пасош приведен на Деве Баир

При пасошка контрола на граничниот премин Деве Баир полициските службеници се посомневале дека патната исправа на Е.Б. (30) од Република Албанија била фалсификувана.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Го излажале дека ќе му транспортираат „мерцедес“ од Швајцарија: тетовец останал и без пари и без возило

Вчера во 15.30 часот во СВР Тетово, 46-годишник од тетовско село, пријавил дека бил измамен од лице кое се претставило дека е од Скопје и е претставник на фирма која вршела транспорт на моторни возила Швајцарија во Македонија.
Според пријавеното, во текот на овој месец, тој на социјална мрежа стапил во контакт со лицето и се договориле да му транспортира возило „мерцедес“ од Швајцарија за сума од 1.000 евра.
Како што е пријавено, лицето му пуштило фактура и побарало од него парите да ги прати преку брз трансфер на друго лице.
Исто така, според пријавеното, откако лицето не го презело возилото и му биле наведувани различни причини затоа, тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен маж од Бразил на Табановце: внел благородни метали и накит со полускапоцени камења

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.Ф.(32) од Бразил поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на против правно прибавени добра од привремена заштита, културно наследство и природни добра“.
Имено на 10.07.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле контрола при што било констатирано дека пријавениот внел 961 природни реткости (минерали-камења, со различни бои, благородни метали и различен рачно изработен накит со додатоци од полускапоцени камења), а кои се противправно набавени на територија на друга држава, во вредност од 918.000 денари.
Црна хроника
Загина 66-годишен маж од Богданци – со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Богданци, излетало од патот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.