Црна хроника
Албански државјани се обиделе да внесат во земјава марихуана скриена во бункер
Двајца албански државјани со автомобил се обиделе да внесат во земјава 50 килограми марихуана преку граничниот премин Богородица. Дрогата била скриена во посебен бункер направен во автомобилот.
Според информациите на МВР, вчера во 11 часот, при контрола на патничко возило „опел мерива“ со албанска национална ознака, управувано од А.M.(44), а сопатник бил А.M.(18), двајцата од Република Албанија, во посебен бункер, граничните служби откриле повеќе пакувања марихуана со тежина од околу 50 килограми.
Лицата и возилото биле преземени од Одделението за истраги при Царинската управа на Р.С. Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

