Топ
Апсења во Скопје – полицијата стави лисици на девет лица, фатени на различни локации

Девет апсења во Скопје поради кривични дела поврзани со дрога се спроведени од страна на МВР само во текот на вчерашниот ден.
На подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Г.К.(44) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Истиот ден во Центар во 22.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(30) од Скопје, затоа што кај него билe пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Вчеравечер во 19.10 часот во Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ѓ.Г.(44) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Вчера, пак, во 15.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода Ќ.М.(21) и Б.М.(38) двајцата од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
На подрачјето на Карпош во Скопје рано утрово во 00.45 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Истата ноќ, во 22.40 часот во Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Д.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера попладне во 16.55 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во Аеродром, пак, во два одвоени случаи полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, како и А.З.(25) и А.Б.(28) двајцата од Скопје, затоа што кај нив билe пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите МВР ќе подготви соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во Автокоманда.
„Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија.
Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава“, објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Споменикот претходно беше поставен пред комплексот судови, а беше отстранет од претходникот на Арсовска, Петре Шилегов.
Арсовска во 2023 година информира дека доставила иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен-обележјето на македонскиот револуционер Ќосето, на нова локација, кај хотелот „Континентал“ односно на крстосницата помеѓу булеварот Александар Македонски и булеварот Беласица.
Споменикот на контроверзниот Андон Лазов-Ќосето (1855-1953), беше поставен пред судовите во 2014, кога градоначалникот беше Коце Трајановски. Ќосето е еден од петте споменици кои Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. По доаѓањето на функција на ексградоначалникот Петре Шилегов споменикот беше отстранет оти било утврдено дека е дивоградба, односно нема решение за негово поставување.
Откако беше тргнат, споменикот беше однесен во магацин на „Металски завод-Тито“ во Скопје. На неговото место беше засадено дрво гинко, посветено на човековите права со изгравирана плочка донирана од збратимениот град Нирнберг, на која е испишан текстот од членот 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации.
Тој член гласи: „Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“.
Спорт
(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net
Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое се одржа во Златибор, Србија.
Последниот ден го обележа инцидентот, што се случи во финалето во категоријата до 75 килограми.
Златниот медал му припадна на Виктор Мајсторовиќ од Србија, откако неговиот противник, Азербејџанецот Јусиф Агакишијев, беше дисквалификуван во втората рунда поради неспортското однесување на тренерот.
Имено, македонскиот судија Стефан Цубалевски беше физички нападнат од тренерот на азербејџанскиот боксер. Тренерот влета во рингот среде борбата и го зграпчи за вратот.
Потоа следеше давење и удирање пред целата публика и присутните малолетни деца, кои не можеа да поверуваат што гледаат.
Поради целата ситуација, борбата веднаш беше прекината, а победата му беше доделена на Виктор Мајсторовиќ.
Судијата Цубалевски потоа се смири и ја крена раката во рингот кон новиот кадетски европски шампион од Србија.
Погледнете го овој момент од 3:31:53 од приложеното видео:
Македонија
Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се активни, седум се под контрола, а 36 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ ПОЖАРИ: 8
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација).
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и крак кон граница со Р. Грција (мешана шума).
3. Прилеп и Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен (опш. Прилеп), и Галиште, Трстеник (опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација).
4. Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
5. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).
6. Општина Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума).
7. Општина Кичево – с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума).
8. Општина Македонска Каменица – с. Ќосевица (борова шума).
ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА: 7
1. Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце, со ширење кон с. Димонце и Коњух (опш. Кратово) (ниска вегетација).
2. Општина Петровец – с. Средно и Долно Коњаре (мешана шума).
3. Општина Петровец – Катланово (ниска вегетација).
4. Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева).
5. Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума).
6. Општина Штип – помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).
7. Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума).
ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ: 36
1. Шуто Оризари – ул. Нов Живот (ѓубриште)
2. Арачиново – с. Орланци
3. Сарај – с. Глумово
4. Зелениково – с. Гумалево
5. Битола – с. Велушина
6. Битола – с. Меџитлија
7. Битола – ул. Игњат Атанасовски
8. Битола – с. Српци
9. Прилеп – м.в. Млекара Софија (2 интервенции)
10. Прилеп – с. Мало Коњари
11. Долнени – с. Сивје
12. Долнени – с. Долнени
13. Долнени – с. Секирци
14. Кривогаштани – с. Крушеани
15. Струмица – с. Баница и нас. Софилари
16. Струмица – с. Колешино (Колешнски водопади)
17. Василево – с. Сушево кон Добрашинци
18. Гевгелија – с. Моин – с. Ново Коњско
19. Охрид – с. Вапила
20. Струга – с. Ново Село и с. Делогожда
21. Кичево – кај РЕК Осломеј
22. Македонски Брод – с. Требовље
23. Велес – влив на река Бабуна
24. Свети Николе – с. Преод
25. Свети Николе – с. Долно Ѓуѓанци
26. Свети Николе – с. Стањевци
27. Пробиштип – с. Гајранци
28. Куманово – с. Тромеѓа
29. Куманово – ул. Октомвриска револуција
30. Липково – с. Отља
31. Брвеница – с. Радиовце
32. Боговиње – с. Камењане кон с. Јеловјане
33. Гостивар – с. Чајле
34. Гостивар – с. Чегране
35. Гостивар – нас. Циглана
36. Врапчиште – с. Градец