Црна хроника
Апсења поради тешка кражба во маркет во Ѓорче Петров
По претходно добиена судска наредба во врска со извршена тешка кражба, полициски службеници од подрачјето на општина Ѓорче Петров на 26 ноември извршиле претреси во Скопје и селото Кондово.
Притоа уапсени се скопјанецот Е. Б. (22) и 21-годишниот жител на Кондово, С. С.
Претходно, на 19 овој месец, во полициска станица бил повикан А. А. (24) од селото Љубин.
Oд МВР информираат дека станува збор за акција во врска со тешка кражба извршена во маркет во Ѓорче Петров на 19 ноември, од каде што биле одземени пари.
Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

