Црна хроника
Апсење на „Долно Блаце“
На 24.06.2023 во 12.35 часот на граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници е лишен од слобода Б.M.(43) од Норвешка, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси”, издадена од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел пари од баба му и мајка му: под истрага малолетник од Пехчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе известување против малолетник од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 08.07.2025, пријавениот од паричникот на неговата баба одзел пари, а на 10 и 11.07.2025 од платежната картичка на неговата мајка од банкомат во два наврати подигнал парични средства.
Топ
МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница
МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски.
Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа.
Топ
53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран
Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново.
Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото на починатиот е дадено на обдукција.
Лицето, како што соопшти полицијата е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

