Црна хроника
Апсење на македонско-грчката граница
Двајца државјани на Куба со лажни документи се обиделе да ја преминат македонско-грчката граница, информира МВР.
„На 12.05.2023 во 07,00 часот на Граничен премин „Богородица“ полициски службеници ги привеле Ф.Р.А.(26) од Р.Куба, кој при пасошка контрола приложил шпанска дозвола за престој и М.И.Р.Т.(71) од Р.Куба, која приложила шпанска патна исправа и лична карта на име Р.Т.А.(71) од Шпанија, а по извршената дополнителна контрола е констатирано дека приложените документи се фалсификувани. Лицата се предадени во Полициска станица Гевгелија, а за случајот е известен Јавен обвинител. Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл. 378 од Кривичниот законик, тие се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија и изречени им се соодветни санкции.“, велат од полицијата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Краделе тутун од фолии и сушници во Василево и Босилово, направиле штета од 500.000 денари
Полицијата уапси три лица за кражба на тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово со што направиле штета од 505.000 денари.
Според информациите од МВР, СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека во периодот од 06.08.2025 до 15.10.2025 од фолии и сушари, сопственост на жители на неколку населени места од општините Василево и Босилово, одзеле сув тутун. На тој начин тие им нанеле штета од 505.000 денари.
Црна хроника
Уапсен 46-годишен скопјанец за обљуба врз малолетната поќерка
Четириесет и шестгодишен скопјанец е уапсен под сомнение за обљуба врз неговата малолетна поќерка.
Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повредено 12-годишно дете во автобус на ЈСП
Дванаесетгодишно дете се здобило со тешки повреди во автобус на ЈСП откако возачот закочил нагло.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од село Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возела во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

