Црна хроника
Битола: Со автомобил удрил во пешак и избегал

Непознато лице со автомобил удрило во пешак во Битола. Според информациите на полицијата, пешакот е тешко повреден, а возачот избегал.
Несреќата се случила вчера во 18.55 часот на улицата Солунска кога непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешакот С.Т. (74) од Битола и избегало.
Пешакот со тешки телесни повреди бил пренесен во болницата во Битола, каде што му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Зајас трагично загина во несреќа со трактор

Педесет и двегодишниот Џ.М. бил најден под трактор во кичевското село Зајас, на шумски пат.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од возилото, велат од МВР.
Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Црна хроника
Кумановци осомничени за незаконско снимање на полицијата за време на 2 Август, најдени 15 дронови

Кумановската полиција денес изврши претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), двајцата од Куманово, како и во просториите на фирма во сопственост на Д.Г. Претресите се спроведени поради сомнение за злоупотреба на лични податоци и за неовластено снимање.
Сомнежите произлегле од видео-снимки објавени на социјалните мрежи на почетокот на август, на кои со дрон била снимена зградата на кумановската полиција, службени возила и физичкото обезбедување за време на свеченоста по повод државниот празник 2 Август – Илинден.
При претресот кај Д.Х. е пронајден еден дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет на понатамошна постапка. Во домот на Д.Г. се пронајдени 14 дронови.
Со двете лица се извршени службени разговори во полициска станица. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.