Црна хроника
Битолчанец во банка лажно прикажал документи за имот и добил кредит
Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 61-годишен битолчанец поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама при добивање кредит или друга поволност“.
„Од страна на пријавениот, на крајот на 2015 година со намера за себе да прибави поволност согласно со Законот за приватизација на градежно земјиште, односно да откупи градежно земјиште по повластена цена од 1 евро за 1м2 , врз основ на објекти што ги поседувал, на органот со кој се договарал со непосредна спогодба му приложил невистинити и нецелосни податоци.
Пријавителот не информирал дека објектите што ги поседувал се во постапка за конфискација со пресуда од Основен суд Велес, при што му било издадено решение за приватизација на градежно земјиште и на тој начин овозможувајки му на пријавениот истото да го купи по повластена цена од 3.068.025 денари, иако без оваа поволност цената на градежно земјиште е 25.076.156 денари или 407.742 евра. Пријавениот со намера за себе да прибави кредит од банка приложил невистинити и нецелосни податоци, на тој начин што како залог во корист на банката приложил сопствен недвижен имот, притоа прикривајќи го фактот дека со правосилна судска одлука имотот требало да се конфискува при што во текот на август минатата година бил солемнизиран Договор за кредит врз основа на наведениот недвижен имот кој е предмет на конфискација и притоа му го одобрат истиот во висина од 106.087.500 денари или 1.725.000 евра“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.