Црна хроника
Семејно насилство во Аеродром: Брат ја истепал сестра си

Скопјанка во полиција пријавила дека била физички нападната од нејзиниот брат.
43-годишната жена вчера во 13.00 часот пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Аеродром, по претходни недоразбирања, била физички нападната од нејзиниот брат Т.Т.(46).
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен кавадарчанец: возел со 217 км на час на место на кое брзината е ограничена на 120 км на час

Вчера во 21:55 часот на автопат „Пријателство“, кај село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода 25-годишниот Д.Д. од Кавадарци.
При контрола со радар, полициски службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки со брзина од 217 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен крадец во Струмица, украл мопед „сузуки“

Вчера во 19:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко.
Тој се сомничи дека околу 16:00 часот од вулканизерска работилница во Струмица одзел мопед „сузуки“ со струмички регистарски ознаки. С.В. бил задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал делото.
Од него бил одземен и мопедот и бил вратен на сопственикот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Тетовско: две лица повредени

Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Синичане, општина Боговиње, четирицикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.К.(31) од Тетово, се превртел на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.С.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.