Црна хроника
Велешанец кој требало да издржува затворска казна уапсен на скопскиот аеродром

Велешанец на возраст од 31 година бил уапсен на скопскиот аеродром во вечерните часови на 24 септември.
Како што информираат од МВР, при контрола и проверка било констатирано дека 31-годишникот се наоѓа на листата со мерка „апси“.
Тој бил приведен и предаден во полициската станица Гази Баба за спроведување до затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајка кај Бит Пазар, возило удри во велосипедист

Автомобил удри во велосипедист на булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит Пазар.
Според очевидци, велосипедистот е повреден, а на асфалтот имало траги од крв.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Црна хроника
Дрога, дигитална вага и мобилен телефон пронајдени во ќелија во затворот во Гевгелија

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.П.(34) од с.Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 28.01.2025 во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија, затворската полиција извршиле претрес во просторија во установата, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и мобилен телефон во сопственост на пријавениот.
Топ
Монструм од Чегране (72) извршил обљуба врз 12-годишно девојче

Маж од Гостивар пријавил во полиција дека 72-годишен старец ја допирал неговата 12-годишна ќерка.
Според информациите на МВР, вчера во 15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Д.(72) од с.Чегране, гостиварско, постапувајќи по пријава од 34-годишен маж од Гостивар дека А.Д. во подрумска просторија на зграда во Гостивар извршил обљуба врз 12-годишната ќерка на пријавителот, односно ја допирал по телото и и ветил дека ќе и даде пари за да не му каже на родителот.
А.Д. е задржан во полициска станица, известен се јавен обвинител и Центарот за социјални работи Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.