Црна хроника
Велешани со маски упаднале во казино: на вработената и’ се заканиле дека ќе ја убијат ако не им ги даде парите
Велешкото Обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца велешани за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Осомничените, на возраст од 26 и 32 години, на 23 декември наутро, со заштитни маски на лицето, заедно влегле во спортска обложувалница. На вработената на сила од раката и го оттргнале мобилниот телефон и го одзеле. Побарале од неа пари со закана дека ќе ја убијат. Почнале да пребаруваат низ обложувалницата, па пронашле и одзеле 12 ваучери за исплата од слот машини во вредност од вкупно 13.219 денари, како и сите ситни монети што ги пронашле во фиоките.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

