Црна хроника
Велосипедист повреден во сообраќајка во Битола

Велосипедист е повреден во сообраќајка ви Битола. Несреќата се случила вчера во 11.55 часот во Битола на улица „Партизанска“ меѓу возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Б.(47) од Битола и велосипедист Ј.К.(77) од Битола.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничка болница Битола. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен кумановец: заедно со двајца малолетници од „пасат“ украл пари и предмети

Вчера во 23.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 32-годишниот Л.Ш. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од КЗ.
На 09.05.2025 околу 02.40 часот, на паркинг пред казино во Куманово, Л.Ш., заедно со две малолетни лица, од патничко возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки, одзеле пари и предмети.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 72-годишник од Битола: крадел засилувачи на интернет поставени на згради

Денеска околу 04 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на улицата „Васко Карангелевски” во Битола го лишиле од слобода 72-годишниот Б.М. од Битола.
По преземени мерки, тој бил фатен на местото на настанот додека извршувал кривично дело „тешка кражба“, а осомничен е за пет кривични дела „тешка кражба“ затоа што одзел засилувачи на интернет, сопственост на „А1 Македонија“, а поставени на згради во Битола.
Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.
Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ПО Групчин го привеле К.З.(64) од село Церово, тетовско, кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна од четири години, за сторени кривични дела по член 395 став 3 и член 288 став 3 во врска со став 1 од КЗ.
Лицето е спроведено во КПУ Затвор Идризово за издржување на затворската казна.