Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Битола

Вчера на крстосница од улиците Партизанска и Ѓорги Наумов во Битола, патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.М.(23) од Битола, удрило во велосипед управуван од Н.Ѓ.(59) од Битола.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидната екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Романец фатен со дрога на Табановце: во личниот багаж скрил марихуана

Вчера во 15:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот Д.В. од Романија.
При гранична контрола и преглед на патничко возило „дачиа“ со романски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Црна хроника
(Фото) Претреси во објекти на две лица во Гостивар и Гостиварско, пронајдена дрога

Вчера во 12 часот во село Добридол, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 38-годишната С.Ј. од Гостивар.
При претрес во објект и помошни простории во село Добридол, кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две поголеми и едно помало пакување со марихуана.
Исто така, вчера во 18:00 часот, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и други простории кај лицето С.Ш.(42) од Гостивар. При претресот биле пронајдени и одземени 34 пакувања со марихуана.
С.Ј. била задржана во полициска станица, а се преземаат мерки за пронаоѓање на С.Ш.. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Непрописно престигнувал колона возила на непрегледна кривина: уапсен возач од Крива Паланка

Вчера во 20:35 часот на магистрален пат Гостивар-Кичево, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот П.Д. од Крива Паланка затоа што со патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, кое го управувал, извршил непрописно престигнување на колона возила на непрегледна кривина.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот – „безобѕирно управување на моторно возило“.