Топ
(Видео) Во домот на маж од Булачани пронајдена лабораторија за производство на марихуана

Приведен е 27-годишен маж со иницијали А. М. од селото Булачани, кој во домот имал лабораторија за производство на марихуана.
Како што информираат од МВР, полициски службеници вчера извршиле легитимирање и личен преглед на лицето и кај него била пронајдена една кеса во која имало две полиетиленски кеси со марихуана и една дигитална вага.
По обезбедена судска наредба, велат од МВР, извршен е претрес во домот во селото Булачани, каде што е пронајдена лабораторија за производство на марихуана.
„Во лабораторијата се пронајдени 69 садници висококвалитетна марихуана – сканк, како и техничка опрема, составена од грејачи, грејни светилки, пумпа за вода, филтер и систем за вентилација, три поголеми најлонски кеси со марихуана спремна за продажба, четири пластични шишиња со кафеава течност – масло произведено од марихуаната“, велат од МВР.
А. М. е лишен од слобода во полициска станица за понатамошни мерки, а за настанот е известен дежурен јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Син ја убил мајка си во Штип

Утрово во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип.
Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
Македонија
Мицкоски: Карпалак е обврска да изградиме држава во која нема да има место за омраза и поделби

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски по повод годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак во конфликот од 2001 година.
„Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети“, додава Мицкоски во напишаното.
Карпалак како што вели, го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена.
„Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но и аманет“.
Македонија
Одбележана 24-годишнината од загинувањето на десеттемина армиски припадници кај месноста Карпалак

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова и директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето на македонските бранителите, кои своите животи ги загубија кај месноста Карпалак во 2001 година.
Десеттемина прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, ги положија своите животи за зачувување на независноста, суверенитетот и на територијалниот интегритет на татковината.
Во спомен на бранителите на спомен-обележјето свежо цвеќе положија и делегации од Владата предводена од заменик-претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски, од кабинетот на претседателката и врховен командант на Армијата, претставници од семејствата на загинатите припадници на Армијата, од здруженија на граѓани и од политички партии.
Венци со свежо цвеќе ќе бидат положени и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп.