Црна хроника
(Видео) Казни за 123 пешаци поради направени прекршоци

Во текот на вчерашниот ден (28.9.2022) во периодот од 14:00 до 20:00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
При контролата, санкционирани се 123 пешаци од кои, 112 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…
На 28 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука. За време на контролата регистрирани се и 110 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен кавадарчанец, кој возел со речиси 3 промили алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа

Полициски службеници го приведоа 29-годишниот Р.С. од Кавадарци, откако на улицата 7 Септември во градот управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил на 21 јули околу 21:15 часот, кога Р.С. со своето патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки учествувал во судир со друго патничко возило „пежо“, управувано од 31-годишниот Б.К., исто така од Кавадарци.
При извршен алкотест, кај Р.С. биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.
За случајот е известен јавен обвинител.
Топ
Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија.
Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на Каваја. 66-годишниот маж Ш. А., жител на Македонија, најверојатно доживеал срцев удар откога влегол во морето и како последица на тоа го загубил животот, објавија албанските медиуми.
Албанската полиција отвори истрага за случајот, а телото на починатиот е предадено на судска медицина.
Фото: принтскрин
Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајна несреќа меѓу три возила: едното влечело „пинцгауер“, сопственост на ДЗС

Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.