Црна хроника
(Видео) Казни за 124 пијани возачи изминатата вечер

Во текот на изминатата вечер (15/16.10.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 124 возачи.
Од нив 28 на територија на СВР Битола, по 17 на територија на СВР Скопје и СВР Тетово…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Поранешен директор на јавно претпријатие ја злоупотребил позицијата: на некои од вработените им овозможил противправна финансиска корист

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ -Скопје, подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање на редовната и прекувремената работа, не можело да се утврди времето на извршување на прекувремената работа, а исто така не можело да се утврди по чиј налог била извршувана прекувремената работа.
Со тоа, тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања и на дел од вработените им овозможил противправна финансиска корист, со што предизвикал штета на ЈП„Колекторски систем“ – Скопје, Подрачно одделение Охрид за сума од од 2.881.757 денари.
Црна хроника
Дрога и оружје пронајдени кај скопјанец, поведена истрагa

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 и Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
Полициски службеници вчера извршиле претрес на таванската просторија во зградата каде живее осомничениот во Аеродром и утврдиле дека таму без дозвола држел огнено оружје – пиштол со калибар 7,65 мм и пет куршуми. Исто така, била пронајдена и опојна дрога – 4,2 килограми марихуана и 5,98 грама кокаин.
Во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат дека 21-годишниот осомничен би можел да се даде во бегство, дека ќе ги прикрива трагите на кривичното дело или ќе влијае врз сведоци, но и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ за злоупотреба на службената положба

Охридската полиција поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“- Скопје, Подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање на редовната и прекувремената работа, не можело да се утврди времето на извршување на прекувремената работа, а исто така не можело да се утврди по чиј налог била извршувана прекувремената работа.
Со тоа, тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања и на дел од вработените им овозможил противправна финансиска корист, со што предизвикал штета на ЈП„Колекторски систем“ – Скопје, Подрачно одделение Охрид за сума од од 2.881.757 денари.