Топ
(Видео) Камионџија од Македонија повреден во сообраќајна несреќа во Бугарија

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи еден час по полноќ на автопатот Е79 во близина на бугарскиот град Кресна.
Во сообраќајната несреќа повредено е 26-годишно лице од Валандово и 46-годишен државјанин на Ерменија, јави БГНЕС.
Со возило на итната помош тие биле пренесени во болница. Македонецот имал повреди на колкот, а Ерменецот на главата и колкот, јави бугарската новинска агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните сустанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика.
Министерот Панче Тошковски вечерва на вонредна прес-конференција објави дека не е регистрирано радијационо зрачење, а во непосредна близина на 150 метри на центарот од огнот има високо ниво на штетни супстанци и е високоризично. До 200 метри е средно ниво на опасност, а до 400 е ниско ниво на опасност.
„За да ја минимизираме опасноста, препорачуваме оние кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови. На располагање се ставани сместувачки капацитети на Центарот за обука“, изјави Тошковски, истакнувајќи дека на 400 метри од пожарот не е евидентирано загадување и ова се однесува на оние кои живеат во околината.
Тој истакна и дека се вршат разговори со три лица во станица, за да се утврдат околностите за пожарот, а оперативните активности продолжуваат.
Пожарот се гасне со песок, по препорака на меѓународни стручњаци. Министерот потврди дека горат батерии што налага посебен начин на делување.
Македонија
Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој беше прашан дали огнот досега соодветно се гаснел со вода, пришто појасни дека дел од пожарот зафаќа дрвја, даски, пластика и друг запалив материјал. Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад, рече Ангелов, се изолира и ќе биде гаснет со песок. Најави и дека во секој момент ќе пристигне голема количина на песок.
Македонија
ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да постои можен ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни супстанции, им препорачува на населението:
– Во областите каде што постои ризик од загаден воздух, да останат внатре и да ги затворат прозорците и да се вратат, особено во областите во непосредна близина на местата каде што има активни пожари.
– Исклучете ги системите за вентилација и климатизација кои вшмукуваат надворешен воздух, за да се спречи влегување на чад и загадувачи во просторијата;
– Редовно следете ги официјалните информации и ажурирања за квалитетот на воздухот
– На лицата со респираторни заболувања, малите деца, постарите лица и бремените жени им се советува да избегнуваат каква било активност на отворено.
– Кога е потребно да се движите на отворено, во областа што е во непосредна близина на местото на горење, да користат соодветни маски
– Установите за нега на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група;
– Да се обрне внимание на симптоми како што се кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото. Секој што ќе ги забележи овие симптоми треба веднаш да побара медицинска помош;
– Да се воздржи од контакт или приближување до отпад од таканаречените погодени области додека не се добие официјална дозвола за пристап;
– Да се следат сите упатства од јавните здравствени установи и службите за итни случаи, како и упатствата за евентуална евакуација доколку истото го препорача надлежна надлежна институција.
Овие мерки имаат за цел да ги намалат непосредните здравствени ризици и да обезбедат заштита на заедниците.