Црна хроника
(Видео) При претрес во Скопје пронајден амфетамин – приведено едно лице
Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје – Единица за недозволeна трговија со дрога и оружје лишен е од слобода С.В(42) од Скопје.
Имено, врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од кривичен суд Скопје беше извршен претрес во домот на С.В., при што биле пронајдени 13 полиетиленски пакувања со бела грутчеста материја, ќеса со три поголеми пакувања со бела грутчеста материја, едно пакување со поголема грутка бела материја за кои постојат основи на сомневање дека е синтетичка дрога амфетамин, три дигитални ваги и една дробилка, како и пиштол „црвена застава“ калибар 65 со една рамка и три куршуми.
Лицето е приведено во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пијан возач со 3,15 промили удрил во објект во Велес, па побегнал
На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот.
Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.
Црна хроника
Откриена марихуана во автомобил на кумановец
Скопското обвинителство побара притвор за кумановецот во чиј автомобил беше пронајдена марихуана, соопшти денеска ЈОРСМ. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Во автомобил со кој управувал осомничениот во Скопје полицијата пронашла околу пет килограми марихуана, спакувана во вакумирани најлонски ќеси ставени во куфер во багажникот, соопшти денеска ЈОРСМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Татко ја претепал 16-годишната ќерка во семејниот дом
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј. (44) од Кочани, по претходна пријава дека физички ја нападнал својата 16-годишна ќерка, соопштија од полицијата.
Според пријавата, на 5 јануари 2026 година, во семејниот дом, Т.Ј. со употреба на тврд предмет ја нападнал неговата ќерка и ѝ го одзел мобилниот телефон.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

