Црна хроника
(Видео) Пронајдени над 25 тони пиротехнички средства во две товарни возила и магацини на правно лице: двајца уапсени, од кои едниот полицаец
Вчера во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје.
При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале никаква документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правно лице од Скопје.

Подоцна, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред магацинот на правното лице пронајдено е уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.

Додека, пак, денеска со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства. Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација со ОВР Кавадарци ќе ги преземаат сите мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица и по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

