Црна хроника
(Видео) Серија претреси, пронајдено оружје, приведени шест лица
Во текот на вчерашниот ден во посебни акции полициски службеници извршија претреси во Виница, Македонски Брод, Дебрца, Гостиварско и во Гевгелиско, при што приведени се шест лица и пронајдени се пиштол, три ловечки пушки, четири воздушни пушки, муниција и други предмети. Во еден од претресите во Виница пронајден е пиштол, а во друг претрес во с. Калиште, општина Врапчиште, пронајдени се две ловечки пушки и муниција.
Во продолжение сите случаи подетаљно:
Вчера, околу 16 часот, во с. Калиште, општина Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф. С. (47) од с. Калиште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „сухл“ во калибар од 12 мм со 23 патрони во калибар од 12 мм и ловечка пушка „пумпарица“, без потребните документи. Ф. С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера, полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп при СВР Битола ги лишиле од слобода М. Т. (35), М. М. (45), двајцата од с. Брезница, општина Македонски Брод, и Б. С. (44) од с. Сарандиново, општина Долнени. При претрес во куќа во с. Тажево, општина Македонски Брод, која ја користи Б. С. (44), извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе куршуми и патрони во различен калибар, ловечки ножеви, како и разновидна опрема за оружје. Инаку, во куќата биле затекнати М. Т. и М. М., кои изјавиле дека биле пратени од Б. С. да ги отстранат од куќата и да ги однесат на друго место. А при претрес во куќа во с. Сарандиново, сопственост на Б.С., биле пронајдени и одземени фалсификувана службена легитимација и други предмети поврзани со кривичното дело. По документирање на настанот, против лицата ќе следува соодветна пријава.
Вчера, во 14.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б. К. (41) од селото Ботун, општина Дебрца. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „црвена застава“ и 15 куршуми во различен калибар, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Вчера, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишија од слобода Г. Д. (37) од село Мрзенци, Гевгелиско. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири воздушни пушки, 184 куршуми во различен калибар, два шаржера за ловечка пушка и еден патрон. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера, во периодот од 12.30 до 14.30 часот, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Виница извршиле претрес во домот и други простории на Џ. Р. (60) во Виница и во с. Градец, Виничко. При претресот, извршен во присуство на сопругата и брат му, бил пронајден и одземен пиштол „валтер“ во калибар од 4,5 мм. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

