Топ
(Видео) Сообраќајка на Партизанска: „БМВ“ удри во паркиран автомобил, па заврши во жардиниера
Сообраќајка ноќеска се случи на булеварот „Партизански одреди“, спроти трговскиот центар Лептокарија. Очевидци посочуваат дека „БМВ“ со голема брзина удрило во паркирано возило на булеварот. Од силината на ударот, автомобилот „БМВ“ ги искршил столпчињата пред велосипедската патека и удрил во жардиниера.
Од МВР велат дека нема повредени лица и покрај силниот удар. Увид извршила екипа на полицијата.
„Е.Г.Б.(23) од Р.Турција, со престој во Скопје, управувајќи патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столбови покрај патот и во паркирано патничко возило ‘фолксваген туран’, со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.Ц.(44) од Скопје“, велат од МВР
Настанот се случи во три часот утрово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
И средношколците ќе протестираат поради јавниот превоз во Скопје
Сојузот на средношколците го поддржува и ќе учествува на денешниот протест, посветен на решавање на протестот со недостигот на јавен превоз во Скопје.
Протестот ќе започне 14 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот.
„Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко. Како млади луѓе кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици“, велат од Сојузот на средношколците.
Се додава дека сојузот останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека гласовите ќе бидат слушнати за прашања кои го засегаат нашето образование и секојдневен живот.
Топ
Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир
Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР.
Несреќата се случи вчера во 18.40 минути, на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.
Како што претходно беше објавено, автомобил „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 19-годишната А.Џ., удрил во жената, која од здобиените повреди починала на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Девојката којашто управувала со возилото се здобила со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
По наредба на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија
Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија.
Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.