Црна хроника
(Видео) Сузбиена мрежа за дилање кокаин во Македонија
Во рамки на оперативната акција „Мрежа“ која се спроведува за сузбивање на уличното дилерство на дрога, откриена е криминална група составена од пет лица и тоа С.Р. (51), З.М.(29), М.Д. (26), М.М.(36) и З.С. (34).
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија дека организираната криминалната група набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници од подрачјето на Град Скопје, но и во други градови од државава беше спроведено криминалистичко истражување, а во кординација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.
Според документираните сознанија во текот на минатата и оваа година криминалната група организирана од С.Р. која делувала на подрачјето на Град Скопје како и надвор од градот, продавала наркотична дрога кокаин за цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка. Кокаинот бил набавуван од непознато лице од Србија во помали количина, со цел полесен и побезбеден транспорт на наркотичната дрога. Во рамките на меѓународната полициска соработка ќе се преземат дополнителни активности за идентификување на српскиот државјанин. Од страна на С.Р. како организатор на групата, биле ангажирани МД. и М.З. кои го продавале кокаинот на нарко зависници, а по продажбата редовно го известувале С.Р. за паричните сретства кои биле добиени. Исто така утврдено било дека лицето М.М. исто така посредувал во вршењето на продажбата на наркотична дрога кокаин, така што кога имало потреба за продажба на дрога, го известувал С.Р. и ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе.
По претходно издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на Судија на претходна постапка извршени се претреси на пет локации.
При преземените мерки и активности во однос на извршените претреси, пронајдени и со потврда одземени се следните предмети: во домот на С.Р. одземени се една полиетиленска паковка со бела прашкаста материја, 50 куршуми 9мм, едно ПМВ Голф 5 и три мобилни телефони; во домот на З.М. одземени се четири полиетиленски паковки со непозната бела прашкаста материја; во домот на М.Д. одземени се 22 куршуми 5,56мм, реденик со 12 патрони со различен калибар,43 патрони со калибар 16мм, куршум 7,65мм, најлон кеса со непозната растителна материја , чинија со бела прашкаста материја и мобилен телефон; во домот на М.М. одземени се седум банкноти од по 1000 денари, две банкноти од по 500 денари и еден мобилен телефон.
Од слобода беше лишено и лицето З.С. од село Врапчиште-гостиварско и обезбедено од страна на полициски службеници од СВР Тетово. Исто така, во текот на криминалистичкото истражување ова лице е претходно документирано за кривично правен настан со недозволена трговија со дрога и беше одземена првата количина кокаин од 9,77 грама.
Ќе биде извршено вештачење на предметите пронајдени при претресите, а до надлежното ЈО ќе биде поднесена кривична пријава против лицата за сторени кривични дела„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и истите ќе бидат спроведени пред Судија за претходна постапка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

