Контакт

Црна хроника

(Видео) Голема акција во Македонија: сузбиена меѓународна група за шверцување мигранти, приведени 10 лица

Објавено пред

Денеска, од страна на Националната единица за сузбивање шверцување мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, секторите за внатрешни работи во Куманово, Скопје, Струмица и регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамките на криминалистичка истрага, која се води под псевдонимот „Исар“, беше спроведена координирана полициска операција со цел сузбивање организирана криминална група, која го извршувала кривичното дело шверцување мигранти.

dobivaj vesti na viber

Криминалистичката истрага над организираната 17-члена група, која е дел од меѓународен канал за шверцување мигранти, се спроведуваше од јули 2021 година до мај 2023 година. Оваа организирана криминална група врз основа на претходен договор со лица од Србија, Бугарија, Унгарија и РСМ организирала шверцување мигранти од Грција кон Унгарија и од Бугарија кон Србија со крајна дестинација во земјите на ЕУ.

Оваа меѓународна криминална група била предводена од М. И., С. М., Ж. К., Д. Д. и С. П., при што најпрвин обезбедувале возила од рент-а-кар агенции од Скопје, Куманово и Тетово и од Бугарија, а потоа ангажирале лица возачи и т.н. чистачи за прифаќање и превезување на мигрантите. Од страна на организаторите, преку лични средби на претходно договорени локации во Србија и Унгарија, како и преку мобилни апликации на лицата возачи и чистачи, како и на лица организатори од Србија и Унгарија, им е испраќана точната локација за прифаќање на илегалните мигранти. Од овие локации мигрантите биле преземани од С. И., М. Д., К. Ж., А. Т., С. С., Ш. Г., Н. М., Н. М. и М.,М., кои биле ангажирани во улога на возачи и чистачи. Истите тие лица повремено ангажирале и други лица како возачи за прифаќање на мигрантите.
Во зависност од бројот на шверцуваните мигранти, како и локациите и возилата со кои се преземани и превезувани мигрантите од страна на криминалната група од РСМ преку териториите на Србија, Унгарија и Бугарија, цената на транспорт за лице што ја исплаќале мигрантите се движела од 2.000 до 4.000 евра.

Во текот на истрагата утврдено е лице – организатор по потекло од Ирак, со германски патни документи, член на меѓународната криминална група на шверцување мигранти, кој по претходна комуникација со организаторите од РСМ договарал прифаќање и превезување илегални мигранти на територијата на Бугарија и Унгарија за што преку брз трансфер на пари преку лица посредници од Турција вршел трансфер на пари кон организаторите од РСМ.
При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа вклучени соодветен број полициски сили од ОСОСК, ОСПО, ОКТИВ и СВР Скопје – ЕУМНА, при што претреси беа извршени во вкупно 11 објекти, лоцирани на подрачјето на Куманово, Кратово и Струмица, лишени од слобода се 10 лица, а три лица – членови на криминалната група – веќе издржуваат мерка затвор во КПУ „Штип“, КПУ „Идризово“ и Р. Унгарија за претходно сторени кривични дела шверцување мигранти.

ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 17 лица, и тоа против: М. И. (21), Ж. К. (23), М. М. (21), сите од Куманово, и Д. Д. (20) и С. Т. (20), двајцата од Кратово, за сторени кривични дела организирање група и поттикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 1) и шверцување мигранти (член 418-б став 4 вв став 2), С. П. (22) од Куманово за сторено кривично дело организирање група и поттикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 1) и шверцување мигранти (член 418-б), С. М. (26) од Куманово за сторено кривично дело организирање група и поттикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 1), С. И. (48) од Скопје за сторено кривично дело организирање група и поттикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 2), М. С. (26) од Струмица, М. Д. (31), К. Ж. (20), Н. С. (27), Н. М. (24), сите од Куманово, за сторено кривично дело организирање група и потикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти“ (член 418-в став 2), А. Т. (21) и С. С. (21) од Кратово за сторени кривични дела организирање група и потикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 2) и шверцување мигранти (член 418-б став 4), Ш. Г. (29) од Скопје за сторени кривични дела организирање група и потикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете ишверцување мигранти (член 418-в став 2) и шверцување мигранти (член 418-б став 4 вв чл. 24) и Н. М. (21) од Штип за сторени кривични дела организирање група и потикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти (член 418-в став 2) и шверцување мигранти (член 418-б).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец

Објавено пред

Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.

Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип

Објавено пред

Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба

Објавено пред

Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија3 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија5 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија7 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија8 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија9 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија9 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија9 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија9 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија9 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија9 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија10 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија11 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа12 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет12 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет13 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет13 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет13 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет13 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија1 ден

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...