Црна хроника
(Видео) 363 казни за неносење маска, пет лица ја прекршиле забраната за движење
Пет лица ја прекршиле забраната за движење во периодот од 24 часот до 4 часот на 14.5.2021, информира МВР.
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, во однос на мерката за носење лична заштита на лицето регистрирани се 363 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување ширење на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Фото) Петмина уапсени на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства
Вчера во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода 34-годишниот Ј.Ќ. од Гевгелија.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.

Вчера во 10:40 часот во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.С.(58), кој престојува во село Давидово, гевгелиско. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две пакувања со марихуана, една воздушна пушка калибар 5.5 мм, за која немал соодветна потврда од надлежен орган за поседување на истата и 42 парчиња пиротехнички средства.

Исто така вчера, во 20:15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш ги лишија од слобода Д.М.(24) од Струмица, К.Ц.(23) од Струмица и Д.М.(44) од село Раклиш. При преглед на лицата, кај Д.М. (24) од Струмица биле пронајдени пакување со жолта прашкаста материја и пакување со марихуана.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
Вчера во 22:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот Р.Р. од Скопје.
При извршен претрес во неговиот дом и други простории во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Топ
(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: Пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз – Тито“
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи сообраќајна несреќа.
Според информацијата од МВР, пријавена е незгода меѓу патничко возило марка ‘хјундаи‘ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.М., и пешак О.Д. (51) од Скопје.
„Пешакот О.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар за укажување на помош“, соопшти МВР.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Принтскрин

