Црна хроника
Викендов во Скопје „пајакот“ собрал 128 возила
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 57 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 105 возачи, од кои: 63 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 33 затоа што управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило и девет возачи почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи во согласност со ЗБСП.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 38 возила, од кои 37 биле нерегистрирани, а едно поради претовар. Санкционирани се пет возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување пешаци, двајца поради неправилно престројување, двајца поради неправило престигнување, 17 возачи затоа што не дале првенство на минување возила во зона на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, пет поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 27 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.
Во однос на пешаците, санкционирани се четири пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 220 мандатни платни налози, а 128 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

