Црна хроника
Влегол во куќа и украл паричник и лични документи, па отишол на банкомат да направи трансакција
Полицијата поднесе кривична пријава против 32-годишен маж од Свети Николе кој се сомничи за тешка кражба.
Според информација од надлежните, надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против Е.Т.(32) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 15.07.2023 година во 18,20 часот во Свети Николе, пријавениот извршил тешка кражба на дрзок начин во куќата сопственост на М.П., при што одзел паричник кој бил во дневната соба и во кој имало 14.000 денари и лични документи, а потоа со такси возило отишол во Штип каде во два наврати на банкомат се обидел да направи трансакција.
Полицијата соопшти дека откако не успеал во неговиот обид ги фрлил дебитните картички кои биле во сопственост на оштетените лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Црна хроника
Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари
Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.
Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

