Црна хроника
Внук ја давел баба си
Внук ја давел својата баба во Македонска Каменица, по што 65 годишната жена била префрлена и задржана на лекување во Клиничка болница Штип.
Настанот се случил во средата околу 13.20 часот во Македонска Каменица, на ул. „Каменичка“ Д.Б. (65) била физички нападната од страна на нејзиниот внук Д.Д. (22) од с.Јакимово, виничко. Во нападот Д.Б. се здобила со повреди на главата, отоци на двете очи, посекотина на вратот. Од страна на лекар, исто така било констатирано дека имала и знаци на давење.
Д.Д. е лишен од слобода.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.
Црна хроника
19-годишник пронајден починат во неговиот дом во село Огњанци
Вчера во 15:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во с.Огњанци, скопско, е пронајден починат Р.О.(19).
Полицијата информира дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Го испрскале со пепер спреј па го нападнале: ограбен скопјанец
Синоќа во 19:00 часот во СВР Скопје, Ж.Ц.(34) од Скопје пријавил дека околу 18:00 часот на подрачјето на Карпош, три лица откако го испрскале со пепер спреј физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон.
Полицијата соопшти декасе преземаат мерки за расчистување на случајот.

