Црна хроника
Возач во Тетово удрил во татко и син на мотоцикл и избегал
Возач со автомобил „голф“ удрил во татко и син на мотоцикл во Тетово и избегал од местото на несреќата. Таткото добил тешки повреди, а синот лесни.
Според информациите на МВР, вчера во 12.15 часот, на улицата 146 во Тетово, се случила сообраќајна незгода, во која автомобил „голф 4“, управуван од непознато лице, кое по несреќата избегало, удрил во мотоцикл „боатијан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Х. И. (53) од Тетово, на кој се превезувал и неговиот малолетен син.
Двајцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде што на Х. И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетникот лесни.
Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

