Црна хроника
Возач на автобус на ЈСП физички нападнал патничка
Во текот на вчерашниот ден 40-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден малку по 8 часот изутрината, во автобус на ЈСП, со број 57, се упатила кон возачот за да му каже да застане за да се симне по што тој ја отворил вратата и физички ја нападнал, велат од полицијата.
Настанот, според МВР, се случил на улицата Васил Ѓоргов. Од полицијата посочија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден маж од Виничко, паднал од мопед
На 09.10.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Лески, виничко, Л.С.(55) од истото село, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
Црна хроника
Тешко повредено дете, прегазено на пат во Гостивар
На 09.10.2024 во 08.20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар – с.Градец, во с.Врапчиште, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(42) од гостиварско Здуње, удрил во малолетен пешак.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Уапсени две лица од Непал на Табановце, илегално оствариле влез во државата
Вчера, во 9.10 часот, на Граничниот премин Табановце полициски службеници ги привеле С. С. (29) и Р. П. (23), двајцата од Непал, кои илегално оствариле влез во државата.
Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово, а судија од Основниот суд Куманово по претходна постапка донел пресуда со кое на лицата им се изрекуваат глоба и прекршочна санкција – протерување странец од земјата во траење од една година.