Црна хроника
Возач на мопед загина на автопатот Свети Николе -Штип

Возач на мопед почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Свети Николе -Штип кај селото Криви Дол.
Се работи за 31-годишно лице од Велес, јави МВР.
Во несреќата учествувале и три патнички автомобили, пришто четири лица од кои две деца на возраст од 15 и 13 години се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница-Штип за укажување на лекарска помош.
(Фото: илустрација)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од улицата „Адем Демачи“ со улицата „Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје.
Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.
Исто така, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 52-годишниот Б.Х. од Република Турција, со живеалиште во Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 17.30 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ со ул.„Мирче Ацев“, со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички удрил во Л.М.(48) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Прегазен пешак во Македонска Каменица

Вчера во 16.25 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од П.М. (71) од Македонска Каменица, удрило во пешакот И.Ј.(80).
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
Црна хроника
18-годишна девојка допирана по телото на автобуска постојка во Центар

Синоќа во 21.30 часот во СВР Скопје, 18-годишна девојка од скопско село пријавила дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар била допирана по телото од едно машко лице.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.