Црна хроника
Возач повреден во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера во 18.15 часот на крстосница од магистрален пат село Подмолје-Ќафасан со ул.„Мислешевски пат“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „застава југо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(47) од с.Волино – Општина Дебарца и патничко возило „фолксваген амарок“, со германски национални ознаки, управувано од Б.Р.(20) од СР. Германија.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Државјанки на Бугарија осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две државјанки на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека вршеле повеќе кривични дела – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.
Првата осомничена во пет наврати, од кои последниот пат заедно со второосомничената, од различни лица крадела паричници, во кои покрај парични средства имало и банкарски картички од кои потоа се обидувале да повлечат и дополнителни износи.
Така на 04.04.2025 година, во автобус бр.7 на ЈСП-Скопје, на релација од поликлиника Букурешт до Рекорд, осомничената украла паричник во кој имало 2.600 денари, банкарска картичка и други документи, а кога оштетениот се јавил да ја блокира сметката од банка му кажале дека од банкомат веќе му биле подигнати 30.000 денари.
Во текот на август 2025, во трговски центар во Скопје, три пати вршела кражби на паричници во кои имало документи, картички, пари и други вредни предмети со што првично прибавила противправна имотна корист од 39.000 денари. Потоа од картичките се обидувала да извлече уште пари, што кај една оштетена и успеало и од банкомат на два пати и повлекла од сметката вкупно 60.000 денари.
Последниот пат на 04.01.2026 година двете осомничени заедно, повторно во продажен објект на трговски центар, украле паричник од оштетена и други предмети во вкупна вредност од 3.000 денари, а потоа два пати неуспешно се обидувале од банкомат да повлечат пари од сметката на оштетената.
Бидејќи во конкретниот случај постојат индиции дека осомничените во двата успешни обиди за повлекување пари од украдените картички користеле ПИН кодови кои жртвите, повозрасни лица, ги чувале запишани во своите паричници, јавниот обвинител презема дејствија за да испита дали осомничените исполниле и елементи на кривично дело – Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. За осомничените странски државјанки предложена е мерка притвор.
Фото: unsplash
Топ
Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари.
Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки.
Како што е пријавено, лицето ѝ ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однела на договореното место. Исто така, според пријавеното, подоцна во нејзиниот дом дошла нејзината внука и заедно ја контактирале нејзината сестра, при што сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за проаноѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсени четири возачи во виничко, Македонска Каменица, Пробиштип и Гевгелија: возеле пијани, а еден од нив со автомобилот излетал од пат
Вчера во 20:20 часот на локален пат во село Блатец, виничко, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(43) од с.Блатец. Претходно, тој со патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот.
При преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта.
Ноќеска во 01:42 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода В.Р.(19) од с.Саса, општина Македонска Каменица. При сообраќајна контрола на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,15 промили алкохол во крвта.
Ноќеска во 02:11 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Д.Д.(49) од Пробиштип. При сообраќајна контрола на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип е сопрено патничко возило „фолксваген тигуан“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,74 промили алкохол во крвта.
Ноќеска во 00:31 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ја лишија од слобода 31-годишната П.К. од Богданци. При сообраќајна контрола на крстосница на бул.„Гевгелија“ со ул.Индустриска“ во Гевгелија е сопрено патничко возило „цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувала и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

