Црна хроника
Возач со автомобил излета од патот Штип-Велес, повредени две лица

Жител на Свети Николе со автомобил излета од патот Штип-Велес по што доби тешки повреди. Во несреќата повредена е и 33-годишна сопатничка.
Според информациите на МВР, вчера во 20 часот на магистралниот пат Штип-Велес, помеѓу селото Криви Дол и селото Кадрифаково, се случи сообраќајна незгода, во која автомобил „ауди А4“, со германски регистарски ознаки, управувано од В.Д. (32) од Свети Николе, излетало од патот.
Тој добил тешки телесни повреди и со возило на итната медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а телесни пoвреди добила сопатничката С. П.(33) од село Кравари, Битолско. Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Голема сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево: се судрија пет мотори и четири автомобили, тешко повредени четири лица

Четири лица се тешко повредени, а уште двајца се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Гостивар – Кичево, а во која учествувале пет мотоцикли и четири автомобили.
Вчера во 15 и 50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.З.(22) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(22) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ управуван од Ј.Д.(34) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ управуван од М.Т.(23) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Б.(18) од Скопје, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Ј.(25) од Струга, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.Г.(49) од Република Турција, патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од И.К.(34) од с.Форино, гостиварско и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистите Д.П.,И.З.,П.Б. и М.Т., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот Ј.Д. и возачот И.К.., констатирани во Општа болница Гостивар и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Украдени две бронзени бисти од гробиштата во Бутел

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Заталкано зрно од оружје пронајдено во угостителски објект во Чаир

Вчера во 09:40 часот во СВР Скопје, Б.В.(33) од Скопје пријавил дека на покриената тераса од угостителски објект на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.