Црна хроника
Возач со автомобил удри во 75-годишен велосипедист во Скопје, па побегна
Несреќа се случила вчера на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје, кога автомобил удрил во велосипед управуван од Р.У.(75) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со секира им се заканувал на припадници на шумската полиција за бесправно исечените дрва
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.А.(45) од Струга.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.
Имено на 11.10.2024 во атарот на струшкото село Богојци, тој со секира им се спротивставил и им упатил закани на двајца припадници на Шумската полиција, кои преземале службени мерки за одземање на дрва што потекнуваат од бесправна сеча.
Црна хроника
Кучиња скитници усмртиле домашни животни во Зајас
Кучиња скитници усмртиле 21 домашно животно во селото Зајас, а случајот во полиција го пријавил сопственикот на домашните животни, соопшти МВР.
Имено, ноќеска во 20.00 часот во полициското одделение во кичевското село Зајас, А.А.(30) од истото село пријавил дека кучиња скитници му усмртиле 21 домашно животно.
Црна хроника
Приведен крадец во Куманово: украл чанта
Ноќеска во 20.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.Ш.(25) од Куманово затоа што истиот ден на улица „Браќа Миладиновци“ во Куманово одзел чанта на Б.В.(79) од Куманово.
Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, извести полицијата.