Топ
Возач удрил во 12-годишно девојче на велосипед и избегал

Дванаесетгодишно девојче кое управувало велосипед било удрено од автомобил на локалниот пат за селото Пласница- Македонски Брод кај м.в.„Курикамења“.
Од МВР велат дека возачот го напуштил местото на настанот.
На девојчето му е укажана помош во Медицински центар Кичево, а потоа и во Медицински центар Битола, каде и се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на лице место извршила екипа Полициската станица Македонски Брод и се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Незгода на патот Маврово – Дебар, сообраќајот во целосен прекин

Од 13:00 часот сообраќајот на регионалниот пат, Маврово – Дебар, кај местото викано „Ростушко анче“ е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени, изјави новиот министер за здравство, Азир Алиу, за хаосот со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Тој рече дека паркингот не е ни мапиран, односно не се знае ни колку паркинг-места има.
„Знаеме дека еден од главните инфраструктурни проблеми, освен зградите и внатре во Клинички, е паркингот. За жал, паркингот не е ни мапиран, ќе почнеме од базичните инфраструктурни чекори за да видиме колку паркинг-места има, со длабока анализа ќе видиме колку пациенти има, колку вработени и ќе излеземе со краткорочно решение“, рече Алиу.
Долгороченото решение за паркингот, додаде тој, ќе зависи од долгорочното решение за Клиничкиот центар.
„Ќе мора да бидеме претпазливи, да не се инвестира во нешто што можеби утре нема да биде во функција“, рече Алиу.
Македонија
(Видео) „Фирмата и сопругата на Салтировски донатори на ВМРО-ДПМНЕ, ете зошто власта ги штити“, вели Кузеска

„Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата македонска историја. Од денес станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никаква намера да работат во корист на правдата, ниту пак на крај памет им доаѓа да спроведат неселективна правда“, кажа Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„Согласно јавно достапните податоци на Заводот за ревизија во списокот на донатори на политичките партии, како донатор на ВМРО-ДПМНЕ во кампањите во 2020, 2021 и 2024 година се сретнува компанијата „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ увоз-извоз Делчево.
Фирма чиј сопственик е сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита Салтировска.
Освен донации од фирмата „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ увоз-извоз Делчево на списокот на донатори може да се најде и името на сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита која освен донации преку компанијата, вршела уплата на донации и од свое лично име.
Она што ВМРО-ДПМНЕ треба да го одговори на Македонската јавност е дали „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип служела како фирма параван за прибирање на рекет од локалите кои биле изоставени од контрола на полицијата – како што бил примерот со дискотеката „Пулс“?
Дали оваа компанија водела фиктивно сметководство за компаниите „Класик“ ДООЕЛ и „ММММ“ Дооел кои управувале со дискотеката „Пулс“ на газда Деко?
Дали со транши од Деко на „Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ од Делчево се исплаќал договорениот паушал за полициска заштита на „Пулс“? Дали „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ била вмешана и во скандалот „Делчевски Ниви“ кој магично исчезна од судските процеси?
Конечно, дали овие пари од Деко завршувале за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?
Македонија нема никаква надеж за неселективна правда, бидејќи ако навистина се тргнат канџите на Мицкоски од Обвинителството, одговорноста за работењето на дискотеката „Пулс“ ќе укаже директно на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски треба да објасни, до кога мисли да врши притисок врз обвинителите со надеж дека ќе ја сокрие вистината.
За крајот, да го потсетиме на една мудрост на неговиот претходник ‘вистината е како шило, врти, врти и на крајот ќе излезе’“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.