Црна хроника
Возел со 1,75 промили алкохол во крвта: уапсен 46-годишен маж од Кичево
Утрово во 04:00 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Н.(46) од Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот , против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
85-годишен маж измамен за сума од 5.000 евра: измамниците се претставиле дека работат во Кувајт
Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, 85-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од две лица за сума на пари од 5.000 евра.
Според пријавеното, тие околу 11:00 часот на подрачјето на Центар го пресретнале него, при што едниот се претставил дека бил од Хрватска кој работел во Кувајт и го прашале дали може да им покаже евра за да ги споредат со еврата што ги имаат.
Како што е пријавено, тој ги зел парите од неговиот дом и им ги дал, а двете лица како гаранција му оставиле три алки наводно дијамантски да им ги чува, додека не му ги вратат парите.
Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Повеќе лица се повредени, меѓу нив и две деца: тешка сообраќајка меѓу три возила во Тетовско
Во СВР Тетово вчера во 10:35 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Желино-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со италијански национални ознаки, управувано од Љ.П.(44) од с.Голема Лешница, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Љ.(40) од с.Добарце, тетовско, по што било удрено во паркирано патничко возило „јагуар“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од А.З.(31) од с.Требош, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „бмв“ Љ.П., додека со телесни повреди неговиот сопатник Ј.Е.(20), како и возачот од патничкото возило „голф“ и неговите сопатници Г.Ј.(41), Л.С.(43) и две деца на возраст од пет и шест години, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, соопшти полицијата.
Црна хроника
Загина маж од Гостиварско: изгубил контрола и се превртел со тракторот
Вчера околу 15:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во с.Долна Бањица, гостиварско, М.К.(69) од с.Долна Бањица, управувајќи трактор „имт“ со приколка, изгубил контрола и се превртел со тракторот.
Од здобиените повреди, М.К. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош Гостивар, констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

