Контакт

Црна хроника

Возило прегази велосипедист во Тетовско

Објавено пред

Возило прегази велосипедист на локален пат за селото Пирок, Тетовско.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од МВР, со возилото управувал С.С.Х.(30) од селото Пирок, а тешко повреден е 60-годишен велосипедист.

Тој по несреќата е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Радовишанец во воена униформа се шетал со пушка и пиштол во градот

Објавено пред

Од

Жител на Радовиш облечен во воена униформа со пиштол и пушка се шетал низ градот.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР,  вчера полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.У.(49) од Радовиш. Тој бил затекнат на ул. „Шаин маале“ во Радовиш како се движи во воена униформа и на себе имал ремен со пиштол, лисици и дрвена палка, а во рацете имал пушка.

При обид да биде лишен од слобода, А.У. се дал во бегство и ги фрлил предметите кои ги носел во себе, но по преземени мерки, бил фатен и лишен од слобода. Од страна на полициски службеници биле пронајдени и одземени предметите кои лицето ги фрлило при бегството, односно една пушка, еден војнички ремен, кожна футрола со еден пар лисици за врзување, метална цевка, футрола со три куршуми за сигнален пиштол, метална рамка со пет капси, пиштол идр..

Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Прилепчанец му го украл пиштолот на полицаец додека го приведувал

Објавено пред

Од

Прилепчанец му го украл пиштолот на полицаец додека го приведувал и избегал.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел  службениот пиштол  на еден од полициските службеници, и се дал во бегство.

Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на полициските службеници им упатувале закани и навреди.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Таксист во Скопје се качил на возилото за да не му го крене „пајакот“

Објавено пред

Од

Таксист се качил на своето возило за да не му го крене „пајак“ службата. Инцидентот се случил во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, вчера на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Џ.(57) од Скопје, поради тоа што додека со „пајак“ возило му било подигано неговото такси возило, агресивно се однесувал кон полициските службеници, се качил врз возилото и одбивал да се симне.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Во Собранието почна расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица....

Македонија1 час

(Видео) Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал, ќе ја затворел

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година, денес е на...

Македонија2 часа

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“,...

Економија2 часа

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може...

Македонија3 часа

Македонија е тажна приказна, а Црна Гора е најблислку до членство во ЕУ, рече Марта Кос

Црна Гора останува најверојатната кандидатка од регионот на Западен Балкан, кој може да стане нова членка на Европската Унија за...

Македонија3 часа

ОПМ: Треба алатка за споредување на цените на производите за граѓаните да знаат каде може да ги купат поевтино, објавените списоци не се доволни

По објавувањето на списоците со цени на сите производи во маркетите, неопходно е да се направи нова алатка, која на...

Свет4 часа

Зеленски: Путин сака примирје само за време на неговата парада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот не сака да чека до 8 мај за најавеното примирје на рускиот претседател...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Единствениот свет во кој е ДУИ е светот на корупцијата

Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Дали станува збор за внатрепартиски договор,...

Македонија5 часа

СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски, кој дивееше на скопските улици, а беше ослободен од...

Свет6 часа

Победа на либералите во Канада

Канадската Либерална партија, предводена од премиерот Марк Карни, е на добар пат да победи на федералните избори, велат канадските медиуми,...

Свет6 часа

Шпанија и Португалија повторно имаат струја

Елекетричната енергија е обновена речиси целосно низ Шпанија и Португалија по вчерашниот масовен прекин што предизвика хаос во двете земји....

Македонија6 часа

„Марш за ангелите“ – семејствата на жртвите во пожарот во Кочани на протест во Скопје

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за денеска најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние заслужуваме одговори,...

Свет18 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на електричната енергија

Шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба во земјата по денешниот прекин на електричната енергија. Шпанскиот оператор за електрична...

Македонија19 часа

Гаши засега ќе се воздржи од коментари за претседателката на Антикорупциска

Во врска со актуелните настани поврзани со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, од кабинетот на...

Свет22 часа

Прекинот на електричната енергија во Португалија и Шпанија предизвикан од редок атмосферски феномен

Португалскиот оператор на електричната мрежа – РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ги погоди Португалија и Шпанија е...

Македонија23 часа

Обвинителството ги кани на средба семејствата на жртвите од Кочани пред протестот најавен за утре

Јавното обвинителство кани на средба претставници на семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои би сакале подетално да се...

Македонија24 часа

Палевски вели дека не се пријавил во полицијата во Баликесир оти секако ќе го нашле, се видел на сите вести во пицеријата додека пиел еспресо

Обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски, во судот одговараше на прашањата на обвинителите. Тој беше прашан зошто...

Свет1 ден

Путин најавува тридневно примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Нов скандал, братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Денеска објавуваме нов скандал. Граѓаните ќе видат она што одамна го знаат: функционерите на власта прават што сакаат, без никаква...

Македонија1 ден

„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние...