Црна хроника
Возило прегази жител на Катланово на патот кон селото Градманци

На 2.1.2023, во 17.45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с. Катланово кон с. Градманци, Скопско, патничко возило удрило во А. А. (54) од с. Катланово по што го напуштило местото.
А. А. починал, а смрт била констатирана од лекар од итната медицинска помош.
Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тројца млади луѓе нападнале пешак за да му го украдат телефонот, упасени во Гази Баба

Поливијата ги приведе М.С.(22), С.С.(21) и 17-годишник, сите од Скопје на подрачјето на Гази Баба поради разбојништво.
„Тие се сомничат дека околу 19.00 часот во с.Трубарево, скопско, со возило го пресретнале В.Д.(42) од Скопје, по што едниот од нив физички и со тврд предмет го нападнал и му го одзел мобилниот телефон, по што тројцата со возилото го напуштиле местото“, соопшти МВР.
Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, по што М.С и С.С. биле задржани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.
Топ
Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот И.С. од село Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците 44-годишната А.Б. од Охрид и 52-годишниот Д.П. од Скопје.
Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт.
Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник, 19-годишниот К.М., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Уапсен возач во Македонска Каменица, возел под дејство на алкохол

Денеска во 00.40 часот на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода 43-годишниот И.И. од село Косевица, општина Македонска Каменица.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,06 промили алкохол во организмот.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.